reklama

reklama

reklama

ТОФИЛОСКИ Е НАЈПОЗНАТО ИМЕ ВО ПОБЕДА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 105 пати.
Сабота, 10 Февруари 2018

Фудбал: Пред дербито Победа - Пелистер

- Потенцијално засилување е и шпицот Даноски

Darko Tofiloski

Подготовките на Победа привршуваат и в среда (14 часот во Скопје) се игра првиот пролетен меч со Пелистер. Тоа значи дека стадионот на Могила засега отпаѓа, но се прават напори за понатаму да биде дотеран, со цел прилепскиот тим да игра пред своите гледачи. Во борбата за опстанок тоа сигурно ќе биде од голема важност.

Што се однесува до играчкиот кадар, се случија измени. Доведени се петмина: голманот Тофилоски (Алашкерт, Ерменија), стоперот Јаќимовиќ (Будуќност Добановци, Србија) за врска Лога (Струга) и Спиркоски (Еуромилк Скопје) напаѓачот Ивановиќ (Морнар Бар, Црна Гора). Секако најзвучно име е Дарко Тофилоски. Кариерата ја почна во Победа, продолжи во Швајцарија, Словачка, за шест месеца да помине во ерменскиот Алашкерт, од каде се враќа во матичниот клуб. Огромно искуство е зад 194 сантиметри високиот голман. Го сврти вниманието со одлични првенствени и куп партии. Од пријателските може да се издвои пеналот против англискиот Лидс јунајтед, кога го одбрани голот на словачкото Кошице. Има настапи во сите македонски репрезентации.

Од останатите треба да се спомнат тие што се повратници, како стоперот Хумбатов, бекот Колевски, за врска Петрески, како и двајцата што се зборуваше дека ќе заминат, а останаа - бранителот Илиески и за врска Најдовски. Списокот на тренерот Бубања овде не е заклучен. Во последен момент се очекуваше што ќе биде со потенцијалните засилувања. Меѓу нив најсилното секако е Даноски, повратник од Чешка, играч во нападот. Тој одигра неколку пријателски. Тука е и Бразилецот Нерес, исто шпиц.

Да се вратиме на првенството. В среда почнува битката за опстанок. Добро е да почне со три бода против соседнниот ривал, Пелистер. Редно е, по осум дуели прволигашки и за куп, да следи првиот триумф над битолчаните. Претходно беа наредени шест порази и два реми.

Табела: Шкендија 46, Вардар 38, Силекс 31, А. Пандев 25, Работнички и Шкупи 23, Победа 19, Ренова 18, Пелистер 16, Скопје 10.

Седум теста

Екипата на Победа одигра седум тест - меча. Прво беа наредени порази (0-2 од Шкендија, 0-1 од Ренова, 0-3 од Мачва, 1-4 од Јавор, 0-3 со Дрита), за потоа да биде испуштена победа со Македонија ЃП (1-1).

Во средата дома се одигра мечот со Осогово (  -  ).

Пари од ФФМ

Фудбалскиот клуб Победа ќе добие пари од ФФМ, коишто всушност се од УЕФА, за развој на младинскиот фудбал. Оваа одлука е на барање на сите клубови, учесници во Првата лига во сезоната 2016/17. Станува збор за вкупна сума од близу 500 илјади евра. Тоа подразбира дека прилепскиот клуб може да смета на 50 илјади, односно на една десетина.

Претходно наместо пари клубовите добивале опрема и реквизити.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza