reklama

reklama

reklama

ШЕСТ ВЕЛЕМАЈСТОРИ ВО ПРИЛЕП PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 68 пати.
Сабота, 10 Февруари 2018

Историја

Најголемите шаховски настани во градов, велемајсторските турнири според ФИДЕ, се одржаа кон крајот на 1992 година. Од 11 до 23 октомври беше турнирот ,,Еуроинвест банка" во ЦК ,,Марко Цепенков". Учествуваа 12 шахисти, меѓу кои петмина велемајстори: Смагин, Михаљчишин (Русија), Киров, Трингов (Бугарија), Абрамовиќ (Југославија). Победник стана 34-годишниот Сергеј Смагин добивајќи ја наградата од 1000 германски марки. На вториот турнир ,,АД Центар" во хотелот ,,Липа" беа 14 шахисти, меѓу кои тројца велемајстори (на Абрамовиќ и Трингов им се приклучи Кнежевиќ од Југославија). Победник стана 28-годишниот ИМ Јуриј Обухов (Русија) награден со 1500 марки.

Од прилепчаните учествуваа Звонко Станојоски, Тони Кироски и Славе Трајкоски.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

488

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza